Во просториите на ЦО ,,Пепелиште“, каде е сместено командното место на Првата пешадиска бригада (1.пбр), за време на бригадната вежба беше реализирана посета на командата и штабот на 1. пбр од страна на одбранбеното аташе на САД, делегација од Командата на Армијата на САД за Европа (USAEUR) и претставници од Канцеларијата за одбранбена соработка на САД. Делегацијата беше примена од страна на командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски.
Во рамки на посетата, делегацијата имаше средба со командантот на единицата, каде беше реализиран брифинг за мисијата на единицата, формациската поставеност, можностите и капацитетите, опремата со која располага, процесот на модернизација и постигнатите НАТО цели за способности и идните планови за развој и модернизација на единицата.
Целта на посетата е размена на искуства и согледување на можноста за идна соработка во обуката и во процесот на достигнување на потребните капацитети на единиците во НАТО целите на способности.
ГЃ/ДЧ