Во посета на вежбата и активностите на Првата пешадиска бригада (1.пбр) во ЦО ,,Пепелиште“ и на АП „Криволак“, беше делегација од Мултинационалните копнени сили (MLF-МКС) од Република Италија. Делегацијата предводена од полковник Волкмар Ертл од Вооружените сили на Република Австрија беше пречекана од страна на командантот на1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски.
Во рамки на посетата се рализираше брифинг за мисијата на единицата, формациската поставеност, можностите и капацитетите, опремата со која располага, процесот на модернизација и постигнатите НАТО цели за способности и идните планови за развој на единицата.
Гостите имаа можност да присуствуваат на дел од вежбовните активности на АП „Криволак“.
За време на посетата беше презентирана и МКС, историјата на формирањето на МКС, локацијата, структурата и активностите, како и учествата на меѓународните вежби и можностите за идна соработка со 1.пбр и Армијата.
Мултинационалните копнени сили се мултинационална единица со седиште во Удине, Република Италија, основани 1998 година од страна на Унгарија, Италија и Словенија, со неколку земји набљудувачи.
Единиците на МКС се лоцирани во Дебрецен во Република Унгарија, Удине во Република Италија, Марибор и Љубљана во Република Словенија.
Единицата е подготвена за борбена поддршка, борбено-сервисна поддршка, како и изведување на психолошки операции, цивилно-воени односи и воздухопловна поддршка насекаде каде ќе биде потребна, бидејќи е без афилијација на ниеден сојуз или организација.
ГЃ/ДЧ