Денес во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ – Петровец беше реализиран прием на персоналот од 4.бригада за асистенција на безбедносни сили (4.SFAB) кај командантот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) бригаден генерал Дејан Чиплаковски.
Досегашното присуство на (4.SFAB) во 1.пбр имаше позитивно влијание врз целокупниот процес на менторирање во подготовката и реализацијата на обуката и задачите, како и во размена на искуствата и системот на функционирање со Армијата на САД.
Тимот од 4.SFAB присуствуваше во Република Северна Македонија со цел преку менторирање и поддршка на единиците да се достигнат НАТО стандардите во процесот на обука и вежби. Како тежиште на идната соработка беше дадена асистенција при подготовките на ЛПБГ за претстојното оценување, како и подготовките за учество на вежбите во текот на 2025 година. Командантот на 1.пбр ја потенцираше одличната соработка на 4.SFAB со командата и единиците од 1.пбр и изрази уверување за продолжување на понатамошната соработка со новиот тим. Од тимот на 4.SFAB изразија подготвеност за давање на безрезервна поддршка на 1.пбр во реализација на активностите кои претстојат во текот на 2025 година.
ЏР/ДЧ