На ден 08.10.2013 година касарната „Алексо Демниевски – Бауман”, Велес ја посетија група ученици од ООУ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. За време на посетата уште во раните утрински часови во 08.20 часот учениците имаа можност организирано да присуствуваат на утринската смотра и да разгледаат дел од објектите во касарната.
Целта на посетата беше со едукативен карактер и истата е дел од годишната програма за работа на училиштето со отворени денови кои ги реализираат секој месец. Со оваа посета Армијата на Република Македонија продолжува со остварување контакти со граѓаните со цел поблизу да се запознаат со Армијата и нејзините активности.