Во рамки на програмата за одбележување на пет години членство во НАТО и Денот на Генералштабот на Армијата, припадниците од Генералштабот на Армијата и Баталјонот за почести организираа хуманитарна акција.
Собраните средства од хуманитарната акција, организирана од Генералштабот на Армијата, како прехранбени артикли и хигиенски средства беа донирани во „СОС Детско село – Скопје“, меѓународна организација посветена на заштита и примена на детските права, со посебен фокус на поддршка на децата без родители и родителска грижа и децата кои растат во семејства со социјални ризици.
Дополнително, во знак на солидарност и поддршка, припадниците на Баталјонот за почести донираа парични средства во Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија, наменети за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.
Оваа иницијатива е дел од континуираните заложби на Армијата за поддршка на институциите и промовирање на хуманите вредности.