Во рамките на активностите што се реализираат во пресрет на вежбата „Immediate Response 25“, припадниците од Воените оркестри на Армијата на Република Северна Македонија и Вермонт, САД, вчера го одржаа третиот и последен заеднички концерт, овој пат во Паркот на Франкофонијата во Градскиот парк во Скопје.
И покрај врнежливото време, оркестрите ги изведоа предвидените музички нумери со истата посветеност и енергија, како и на претходните настапи, пренесувајќи ја музиката и позитивната атмосфера на бројните посетители. На репертоарот беа изведени популарни џез композиции и македонски фолк мелодии, кои уште еднаш го потенцираа сојузништвото, заемната поддршка и заедничките вредности.
Оваа соработка помеѓу двата оркестра се изведуваат по четврти пат во рамки на армиската соработка меѓу двете земји, а преку музиката се испраќаат силни пораки на пријателство, мир и партнерство.