На 07.04.2016 Командата за обука и доктрина (КОД) организираше спортски натпревари како дел од подготовките за прослава на „15 април – Денот на Командата за обука и доктрини“. Во касарната „Алекса Демниевски – Бауман“ во Велес се организирани натпревари во мал фудбал, шах и пинг-понг. Освен вработените и потчинетите единици на КОД на спортските натпревари учествуваа и екипи од локалната самоуправа на градот Велес и Секторот за внатрешни работи Велес.
За победниците во натпреварувањата обезбедени се дипломи кои свечено ќе им бидат доделени за време на централната прослава по повод одбележување на „15 април – Денот на Командата за обука и доктрини“.
Со оваа активност уште еднаш покажавме дека спортот во Армијата на претставува значаен сегмент во обуката, но исто така, дека низ различните форми и содржини се и значајна алатка за развивање на пријателство, другарство и зближување со локалните власти и институции.