Во Центарот за симулации во Командата за обука и доктрини, по просториите од касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес во периодот од 10.11. до 13.11.2025 година се реализираше компјутерски асистирана вежба со користење на JCATS (Joint Conflict and Tactical Simulation) со командите и штабовите на 2/1.пбр и вВИНГ/КО.
Целта на оваа вежба е извежбување на постапките и процедурите на командите, штабовите и потчинетите единици при реализацијата на задачите согласно нивните мисии во симулирана средина. Припадниците на 2. пешадиски баталјон извежбуваа офанзивни и дефанзивни борбени дејства со борбена поддршка од единиците на вВИНГ (воздушен транспорт, медицинска евакуација, извидување од воздух, пребарување и спасување, противвоздушна одбрана и набљудување на воздушниот простор).
JCATS симулацијата платформа овозможува извежбување на сите видови на борбени дејства на единиците на бојното поле во сите метео услови и на било кој терен, неограничен број пати со минимални трошоци. Во Центарот за симулации командантите и командирите имаат можности и услови за проверка на подготвеноста со цел да се сочат единици за извршување на мисијата и задачите пред упатување на било која мировна мисија.








