Cогласно годишниот план и програмата за реализација на крводарителски акции, во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, се реализираше крводарителска акција.
Припадниците на Командата за обука и доктрини уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело, доброволно дарувајќи 19 крвни единици и придонесоа во збогатувањето на крвните единици во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст. Хуманоста придонесува за спасување на многу човечки животи и е одлика на секој припадник на Армијата.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст ја искажаа својата благодарност кон припадниците на Армијата и не го криеја своето задоволство од подарените крвни единици.








