Во пресрет на одбележувањето на Денот на Генералштабот на Армијата, денес во просториите на Градската општа болница „8 Септември“, припадниците на Генералштабот реализираа крводарителска акција, при што беа дарувани 25 крвни единици.
Со овој чин на солидарност, припадниците на Армијата уште еднаш ја потврдија својата подготвеност да бидат во служба на граѓаните и покрај своите редовни должности.
Крводарителството претставува највисок израз на хуманост, при што со секоја дарувана единица крв директно се придонесува за спасување човечки животи и зајакнување на јавното здравје.
Традиционалната соработка на Армијата со здравствените институции останува еден од клучните приоритети во рамките на цивилно-воената соработка, секогаш во насока на заштита и унапредување на здравјето на сите граѓани.








