На 23 март 2026 година, припадниците на Извидувачко-разузнавачкиот баталјон успешно реализираа командантско извидување во реонот на Пониква.
Движењето по непознат и сложен планински терен на ова подрачје бара високо ниво на обученост, претпазливост, ориентација и дисциплина. Карактеристичниот релјеф со густи шуми, стрмни падини и ограничена видливост, претставува сериозен предизвик за изведување на извидувачки задачи, особено во услови на отежната комуникација и променливи временски прилики.
И покрај отежнатите временски услови, задачите беа успешно реализирани, при што беше потврдена високата психофизичка подготвеност, координација и професионалност на припадниците на единицата.
Со вакви активности, Извидувачко-разузнавачкиот баталјон континуирано ја одржува и унапредува својата борбена готовност, придонесувајќи кон севкупната оперативна способност на Армијата.








