На 30 март 2026 година новоименуваниот шеф на Воениот тим на САД, потполковник Мајкл Коен оствари посета на командата на Прва пешадиска бригада (1.пбр). Потполковникот Коен беше пречекан од страна на командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, заедно со дел од клучниот персонал од командата и штабот.
Оваа посета претставува негова прва официјална посета на 1.пбр по преземањето на должноста.
За време на посетата, потполковник Коен беше информиран за организациско-формациската структура, тековните задачи и активности, како и за предизвиците и плановите за наредниот период на бригадата.
На средбата, генералот Чиплаковски изрази благодарност за досегашната поддршка и придонес на Воениот тим на САД кон Армијата и 1.пбр, при што нагласи дека очекува континуитет и понатамошно унапредување на соработката и во иднина.
ГЃ/ДЧ








