Денес се одбележа 25-годишнината од загинувањето на капетан Зоран Бубевски. Неговото семејство, многубројните пријатели, припадници на Баталјонот за врски и претставници на командите на единиците во негова чест положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Илинден“ во Скопје.
Пред присутните беше истакнато неговото животно дело, посветеноста, неговата храброст за што е посмртно одликуван со „Медал за храброст“ од страна на тогашниот претседател и врховен командант на Вооружените сили на Република Македонија. „Му оддадовме почит, ја споделивме тагата и уште еднаш си ветивме дека неговата жртва и дело никогаш нема да бидат заборавени, засекогаш ќе го паметиме како херој, кој го даде животот за нешто поголемо од себе“.
Секоја година во негова чест припадниците на Баталјонот за врски го одбележуваат поменот на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски.








