Во периодот од 08. до 12.06.2026година и од 15. до 19.06.2026 година успешно се реализираа курсевите за радио комуникација на англиски јазик и радио оператори во мировни мисии, кои се одржаа во касарната Илинден. На курсевите учествуваа шест слушатели, а обуката беше спроведена од страна на инструктори од Армијата.
Целта на курсот за радио комуникација на англиски јазик е обука на персоналот чии работни задачи вклучуваат активна воена радиокомуникација на англиски јазик, со користење на соодветна терминологија, додека курсот за радио оператори во мировни мисии е со цел сертифицирање на персоналот за радио оператори во мировни мисии, за користење на гласовни радио телефонски процедури, согласно ACP 125F.
По завршување на активноста, командантот на Командата за обука и доктрини, бригаден генерал Лулзим Нуредини, на слушателите им врачи сертификати за успешно завршени курсеви, честитајќи им ги постигнатите резултати, со порака новостекнатите знаења да ги имплементираат во нивните должности.








