На ден 29.07.2026 година, во командата и штабот на 1.пешадиска бригада, командантот на, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, оствари средба со новопоставениот офицер од постојаниот воен тренинг тим од ВС на ОК за Западен Балкан, мајор Маркус Вортингтон а на досегашниот му посака успешност на новата должност.
На средбата беше поздравена досегашната континуирано добра билатерална соработка со тимот од ВС на ОК, која посебно е изразена во јакнење на капацитетите, заедничките вежби и унапредување на интероперабилноста преку обуката и курсевите за пешадиските единици на Армијата,согласно НАТО стандардите.
Во наредниот период ќе се продолжи со реализација на активностите со тимот и единиците од Армијата.
ДЧ/ГЃ








