Во рамки на активностите по повод одбележувањето на 2 Април – Денот на 1.механизирана пешадиска бригада, припадници од 3.пешадиски баталјон ги посетија основните училишта за деца со посебни потреби „Лирија“ во Тетово и „Симче Настевски“ во с. Вратница – Тетово, при што се донираа војнички маренди.
Во годината во која Армијата на Република Македонија одбележува 25 години од своето формирање припадниците на 1.механизиран пешадиски бригада активно се вклучени со вакви и слични хуманитарни активности во духот на развивање и продлабочување на цивилно-воената соработка.