Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска, оствари средба со генералниот директор за меѓународна безбедносна политика на Вооружените сили (ВС) на Канада, генерал-мајор Грегори Смит.
На средбата во Генералштабот се разговараше за билатералната соработка со канадските ВС демонстрирана преку нашето заедничко учество во вежби и обуки, како и учеството во активностите на мултинационалните сили на НАТО во Латвија.
Меѓу другото се разговараше и за меѓународната вежба „Maple Arch 2024“ која е поддржана и спонзорирана од канадските вооружени сили. Оваа година ние сме земја домаќин на вежбата, која се изведува по јубилеен 25-ти пат.
Во текот на средбата беше изразена подготвеност за дополнително унапредување на меѓуармиската соработка во областите од заемен интерес.