Како дел од активностите кои традиционално се реализираат пред новогодишните празници од страна на генералштабот и министерството за одбрана во текот на денешниот ден се реализира прием на најблиските на припадниците на Армијата упатени во меѓународните мировни операции.
На приемот од страна на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски на децата на припадниците на Армијата, кои се распоредени во мировните операции „КФОР“, „АЛТЕА“, „ЕУТМ ЦАР“ и „УНИФИЛ“ беа поделени новогодишни пакетчиња.
Воедно во рамки на активноста, министерката за одбрана и началникот на Генералштабот и членовите на нивните семејства се обратија до мировниците преку видео-конференциска врска при што им ги честитаа претстојните празници и им упатија желби за добро здравје, успех и просперитет во Новата 2022 година.