Во организација на секцијата за логистика при генералштабот на Армијата, се реализираше дводневна меѓународна активност „Размена на искуства во процесот на менаџирање со животниот циклус на муницијата“.
На активноста учествуваа претставници од вооружените сили на Босна и Херцеговина, претставници канцелариите на ОБСЕ од Сараево и Скопје и МВР.
Во рамките на активноста беше организирана посета на Издвоениот објект Еребино и презентирани капацитетите за одржување, сместување и уништување на муницијата и минско експлозивните средства во Еребино.
Претставниците на вооружените сили на Босна и Херцеговина ги презентираа искуства од воспоставувањето на хемиската лабораторија за испитување на хемиска стабилност на потисните експлозивни материи-барутите и нејзините капацитети.
Учесниците на активноста ги дефинираа сегментите за понатамошна билатерална соработка во врска со испитување на хемиска стабилност на потисните експлозивни материи-барутите.