Врз основа на Воено-контакт програмата со САД за 2026 година во период од 4 до 8 мај 2026 година во Домот на Армијата се реализираше „Основен курс за логистички офицери“.
Курсот го изведуваа предавачи од Универзитетот за одбранбено безбедносна соработка на САД, а беше наменет за млад логистички офицерски и подофицерски кадар во Армијата.
Целта на курсот беше преку предавања и работа во групи, учесниците да се запознаат со логистиката во НАТО, принципите и функциите на логистиката, процесите при оперативното логистичко планирање, изработка на логистичка проценка, идентификување на предизвиците и изнаоѓање на решенија за нивно надминување со цел обезбедување на непрекината логистичка поддршка.
Со овој курс, како и со курсевите кои се планираат во иднина, ќе се овозможи оспособување на логистички персонал за справување со логистичките предизвици.








