Вчера, 28 април 2026 година, во седиштето на НАТО во Брисел, Кралството Белгија, заменик-началникот на Ј-4 при Генералштабот на Армијата и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување учествуваа на редовниот НАТО Комитет за логистика.
На комитетот, на кој беше разгледан напредокот во зајакнувањето на логистичката поддршка за колективната одбрана, фокусот на дискусиите беше ставен на подготовката и извежбувањето на процесите за засилување, имплементацијата на Логистичкиот акционен план, обезбедувањето на потребната поддршка од земјата-домаќин и овозможувањето на ефикасна логистика во непријателско опкружување.
Важна тема на дискусијата беше и соработката и цврстото партнерство помеѓу цивилните структури, воениот сегмент и индустријата, при што беше потенцирано почитувањето на „whole-of-society“ пристапот како неопходен предуслов за ефективно справување со современите безбедносни предизвици и кризни состојби.








