Припадниците на командите и единиците, со свечено постројување на Воениот стадион во Градскиот парк, и оваа година традиционално во пресрет на 18ти Август – Денот на Армијата, денес ги започнаа финалните спортски натпревари.
Директорот на Генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски на свеченото отворање истакна дека спортот во Армијата претставува значаен сегмент, армиската обука и физичката подготвеност, но и во развивањето на натпреварувачкиот дух кој придонесува за подобро извршување на мисијата и задачите. На сите спортски натпреварувања , како поединечно така и екипно им посака фер и коректно натпреварување со задолжително почитување на мерките за безбедност поради високите температури.
По завршување на натпреварите во крос трчање, мал фудбал, пинг-понг, одбојка и кошарка на најдобро пласираните екипи и поединци ќе им бидат доделени признанија.
Припадниците на Армијата постигнувајќи значителни резултати во спортот како на домашната така и меѓународната сцена дополнително придонесуваат за развој на меѓуармиската соработка, пријателството и мирот во регионот и во светот.