Атлетска екипа во машка и женска категорија од редовите на Армијата на Република Северна Македонија и оваа година традиционално учествуваше на „10то регионално воено првенство во планинско трчање“ кое се одржа во Копаоник, Република Србија.
Припадниците на Армијата како и досега постигнаа забележителни спортски резултати, при што машката екипа на овогодинешното првенство во екипен пласман го освои петтото место.
Во поединечен пласман најдобар наш припадник беше професионалниот војник Милош Ранчиќ кој го освои десеттото место, професионалниот војник Трајче Илијевски тринаесеттото, мајор Игор Јакимовски петнаесеттото и професионалниот војник Ријат Шеипи беше осумнаесетто пласиран.
Во женска конкуренција настапи постар водник1класа Ирена Лекоска, која го освои 10то место.