На покана на Македонската Спортска Стрелачка Федерација, на стрелиштето Камник, на 14-от Интернационален отворен турнир во стрелаштво „Гранд При Скопје 2020“, свое учество традиционално зедоа и екипи од Армијата, во дисциплините: гаѓање со пиштол на 25 метри,гаѓање со автоматска пушка 7,62 мм на 100 метри и гаѓање со полуавтоматска снајперска пушка на 100 метри.
Припадниците на Армијата и оваа година повторно ја демонстрираа својата подготвеност во ракување со своето оружје при што остварија забележителни резултати.
Екипата од Специјалните сили го освои првото место во дисциплината 100 метри со автоматска пушка и поединечен пласман првото место главен наредник Томислав Гончев од истата единица.
Женската екипа од Ренџерски баталјон го освои првото место во дисциплината пиштол 25 метри, а во поединечна конкуренција првото место го зазеде постар водник 1 класа Ирена Лековска, припадничка од истата единица.
Организаторот на 14-от Интернационален отворен турнир во стрелаштво, Македонската Спортска Стрелачка Федерација, на сите екипи од Армијата им додели благодарници за учество и промовирање на стрелаштвото како олимписка дисциплина на натпреварување.
ЕМ/ГЃ