По повод „18 Август“ – Денот на Армијата, припадниците на Армијата, традиционално и оваа година се приклучија во голем број на денешната акција на доброволно дарување на крв, која се спроведе во касарната „Илинден“ во Скопје.
На акцијата, како дел од планираните активности за одбележување на „18 Август“ – Денот на Армијата, покрај припадниците на Армијата од гарнизонот Скопје и Министерството за одбрана, претходно својата солидарност и хуманост ја покажаа и припадниците од другите гарнизони.
Акцијата на која беа дарувани 92 крвни единици се реализира во соработка со „Црвен крст“, ГОБ „8ми Септември“, а во координација со Институтот за трансфузиона медицина.
Согласно годишниот план за доброволно дарување на крв, припадниците на Армијата континуирано во текот на целата година преку дарувањето на крв, чин кој претставува највисоко ниво на хуманост , на најдобар начин ја покажуваат својата солидарност во спасување и продолжување на човечки животи.