Припадниците на армијата секогаш одговараат на потребите на граѓаните и институциите. Најдрагоцената животна течност мора да биде секогаш достапна за оние на кои е потребна и во вонредната состојба во државата кога се отежнати редовните крводарителни акции.
На барање на Црвениот Крст во соработка со Институтот за Трансфузиологија и укажаната потреба за спроведување на вонредни доброволни крводарителни акции во Армијата на ден 17.03.2020 година во касарната „Илинден“ и на 19.03.2020 година, во касарната „Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево , со целосно почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот Корона 19 беа реализирани вонедни крводарителни акции.
Во крводарителната акција која беше во организација на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје во соработка со Црвениот Крст учество зедоа 64 припадници од гарнизонот Кичево и 107 од касарната „Илинден“.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст ја искажаа својата благодарност кон припадниците на армијата за излегување во пресрет во услови каде тешко се спроведуваат редовните крводарителни акции поради постоењето опасност од ширење на вирусот помеѓу населението.