Извршување на задачите кои произлегуваат од дадената мисија преку широк опсег на најразлични активности на меѓународната вежба „Анаконда -16“, е одлична можност за демонстрирање на обученоста и владеење со потребните вештини на припадниците на единиците на Армијата на Република Македонија.
Припадниците на водот од баталјонот на воена полиција изминатите денови ги извежбуваа и покажаа вештините при обезбедување на правци за премин на конвој преку понтонски мост и обезбедување на правци за премин на висока државничка личност.
Воедно со своите колеги од армиите на САД и Бугарија реализираа гаѓање со пиштол 9мм ЦЗ 99 и извежбување на реакција на контакт. Притоа во склоп на активностите на отворени денови за населението од реоните на одговорност каде се изведуваат вежбовните активности на главниот плоштад во населеното место Хелмно, на Тактичко Технички збор ги демонстрираа техничките карактеристики на оружјето и техниката која се користи на вежбата.
Припадниците на АРМ од механизираната пешадиска чета изведуваа тактички вежби со гаѓање вод во одбрана со покажување на знаењата при заеднички распоред во одбрана и одржување на борбената моќ, како дел од активностите кои ќе се изведат на денот за високи гости кој ќе се реализира во реонот на месноста Буцеирз.
Во текот на вчерашниот ден командата на единицата каде се распоредени припадниците на АРМ кои извршуваат штабни должности беше посетена од набљудувачка екипа на ОБСЕ.
Оваа вежба не е само начин за припадниците на АРМ да ги развиваат своите борбени вештини, но исто така покажува да ја демонстрираат способноста на АРМ за целосна интегрираност со стандардите и процедурите на сојузниците при изведување на заедничка мисија.