По повод навршување на петнаесет години од загинувањето на осум припадници од резервниот состав на АРМ, делегација од Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана, со полагање на венци со свежо цвеќе на споменикот на бранителите во с. Љубанци им одаде почит на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила.
Во спомен на загинатите припадници на АРМ кај Љуботенски бачила, делегации од Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана како и семејствата на загинатите, положија венци со свежо цвеќе и на спомен-обележјата во касарна „Илинден“ и во Волково.
На 10 август 2001 година со воено товарно возило на АРМ на патот кон месноста Љуботенски бачила при активирање на мина животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ.