Припадниците на Армијата од почетокот на воведувањето на вонредната состојба најодговорно и професионално ги извршуваат доделените задачи за поддршка на институциите и граѓаните.
За нивниот ангажман и вложување во извршувањето на доделените задачи и задолженија, благодарност и поддршка им искажа началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски кој во текот на викендот и претходните денови ги обиколи припадниците на единиците кои се ангажирани на јужната граница, на обезбедување на објектите одредени за карантинско сместување на Попова Шапка и во главниот град како и објектите од посебно значење.
Генералот Ѓурчиновски покрај благодарноста за залагањето и совесното извршување на задачите им порача дека со покажаната посветеност се покажува нашата патриотска должност како припадници на армијата во вакви тешки моменти со давање на својот максимум и со лични примери и залагање да овозможиме на здравствените работници и полицијата да го спречиме ширењето на пандемиската вирусна инфекција и ја ставиме под контрола како што би постапиле со секој оној кој претставува закана за татковината и граѓаните.
Припадниците на Армијата согласно утврдените задачи за време траење на вонредната состојба на територијата на Републиката, извршува задачи во асистенција и поддршка на министерството за внатрешни работи во обезбедување и надзор на граничната линија на државната граница, контрола на влез и излез на патните правци кои водат кон населените места преку воспоставување на мобилни пунктови и контролни точки во реоните за ангажирање и физичко обезбедување на витални објекти од значење за државата, како и на објектите одредени за карантинско сместување.
Воедно на побарувања и укажаните потреби на единиците на локалната самоуправа, органите на државната управа или на други државни институции на Република Северна Македонија, Армијата во координација со кризните штабови формира и ангажира сили за поддршка со цел спречување на ширење на епидемијата и укажување на помош на граѓаните.