Согласно Планот за работа на Генералштабот, пред началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски се реализираше годишното реферирање за статусот на потчинетите команди и единици во тековната 2020 година.
Командантите на потчинетите команди и единици пред началникот ги презентираа реализираните активности, обемот на обуката, степенот на опременоста во единиците и нивното влијание врз борбената готовност. Воедно го информираа и за состојбите во своите единици во однос на персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските комуникациите, буџетирањето и цивилно-воената соработка.
Притоа се претставени реализацијата на планираните задачи, постигнатите резултати во однос на достигнување на стандардите на НАТО, тековните активности во изведување на обуката како и ангажирањата во асистенција на институциите во спречување на ширењето на Ковид 19, условите за живот и работа во гарнизоните и научените лекции.
Началникот на Генералштабот, на крајот од реферирањето, заедно со заклучоците за актуелната состојба издаде насоки за планираните активности во следната 2021 година, пред се во однос на обврските за потполна интеграција во структурите на НАТО.