Во Касарната „Јане Сандански” во Штип, денеска се одржа церемонија на упатување на контингент на Армијата на Република Северна Македонија на вежбата „Syber Junction 19″.
Вежбата „Syber Junction 19″ ќе се реализира во СР Германија и е во организација на Командата на копнените сили на САД за Европа (USAREUR). Вежбата е една од најголемите вежби оваа година која ќе се реализира во Европа и на истата ќе има учесници од повеќе од 20 партнерски земји. Армијата на Република Северна Македонија, ќе има значајна улога на оваа вежба на која ќе учествува со една пешадиска чета од Здружената оперативна команда и еден вод од Полкот за специјални операции.
На денешната церемонијата покрај министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор, Азим Нуредин и заменик шеф на мисијата на САД, Џенифер Литлџон, присуствуваа командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, командантот на Полкот за специјални операции бригаден генерал Методи Хаџи Јанев и претставници од Канцеларијата за одбранбена соработка на САД.
Генералот Нуредин истакна дека нашата земја во оваа вежба ќе учествува со 140 припадници на Армијата, од коишто со една пешадиска чета од Првата механизирана пешадиска бригада и со еден ренџерски вод од Полкот за специјални операции.
-Секоја од овие единици со својот ангажман ќе има значителен удел во вежбата. Почитувани учесници во вежбата „Saber Junction 19“ дава можност за развој на стекнатите значења и искуства, како и развивање на можностите за интероперабилност и извежбување со припадниците на останатите земји учеснички на вежбата, а согласно НАТО стандардите, рече генералот Нуредин.
Вршителот на должност, заменик на Амбасадорот на САД, Литлџон се заблагодари за дведецинскиот ангажман на нашата армија во мисиите.
-„Saber Junction 19“ е една од најдинамичните вежби што ги организирала командата на копнените сили на САД за Европа, којашто обединува повеќе од 5.000 партнери од повеќе од 20 држави, за да меѓусебно се обучуваат и да учат едни од други. Опкружувањето ќе биде ригорзно, а мисијата ќе биде интензивна, но јас воопшто не се сомневам дека вие не сте дораснати на таков предизвик, рече Литлџон.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на денешната свеченост во штипската касарна „Јане Сандански“ истакна дека 140 припадници на армијата ќе бидат дел од оваа вежба од 10 до 30 септември, како и секогаш ќе ја докажат својата подготвеност да учествуваат во мисиите на земјите членки на НАТО.