Денес, 03.06.2014 година, четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2) пристигна во реонот на разместување на борбената група во Сен Хубер (Saint Hubert) во Белгија, каде започна со подготовките за претстојната вежба „Брз Лав 14“.
Во текот на денот на персоналот од четата се изврши распределба на потребните материјални средства за живот и работа за време на извршување на вежбата (шатори, средства за врски, кревети за полски услови и сл.).
Во делот на подготовката, припадници на Белгиската армија спроведоа безбедносен брифинг и кратка обука за начинот на употреба на доделената опрема.
Во продолжение на денот контингентот од четата започна со реализација на редовните задачи на вежбата, односно заштита на сили на Командата и штабот на ЕУБГ 2014-2.
Во текот на утрешниот ден, четата ќе продолжи со редовните активности и ќе ја започне планираната обука. На обуката ќе присуствува и штабниот персонал од АРМ кој учествува на вежбата.