По повод навршувањето на седумнаесет години од загинувањето на десетте припадници од резервниот состав на Армијата на Република Македонија, делегација од Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана, положи свежо цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак.
Седумнаесет годишнината од несреќата се одбележа и во Прилеп, каде делегација на Министерството за одбрана и генералштабот на АРМ по истиот повод положи свежо цвеќе пред комплексот „Карпалак“.
Претходно во текот на вчерашниот ден делегации од АРМ, на семејствата на загинатите, на преживеаните бранители на Општината, на општинскиот совет и на АРМ, положија цвеќиња пред споменикот во кругот на касарната „Мирче Ацев“.
ТЛП/ТЈ