Денес, 19-ти септември (четврток) во Генералштабот на АРМ се одржа средба со естрадни уметници и претставници на институции кои настапуваа и го помогнаа концертот по повод Денот на АРМ кој се одржа на 16-ти август 2013 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
За таа прилика Началникот на ГШ на АРМ им додели „Бронзена значка на Армијата за партнерство, координација и соработка“ на: Есма Реџепова-Теодосиевска, Блага Петреска, Мустафа Имери, Драган Мијалковски, Универзална сала, DJ Никифор, Телевизија Сител, Антена 5 Радио и Детскиот Културен Центар „Карпош“ од Скопје.
На свеченоста во името на Началникот на ГШ и припадниците на АРМ, благодарност до присутните упати Заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини кој истакна дека несебичното помагање на АРМ нема да биде заборавено, а дека со естрадните уметници помогнаа Армијата да биде поблиску до граѓаните. Генералот Сејдини, нагласи дека ова е одличен пример на соработка со цивилните структури и дека таа ќе продолжи и во иднина.
При врачувањето на значките и сертификатите, со пригодни зборови сите гости изразија благодарност до АРМ, искажувајќи ја нивната подготвеност за понатамошна соработка и учество во заеднички проекти со Армијата.