Денес, 19–ти февруари 2015 година, во Домот на АРМ во Скопје се реализира состанок на главните и први подофицери на Командите и единиците на АРМ.
На отворањето на состанокот НГШ на АРМ генерал – потполковник Горанчо Котески истакна дека денешната средба, која се реализира на почеток на годината е особено важна, бидејќи сега е моментот кога треба да заземат ставови кои ќе ја направат поуспешна нашата работа. Во оваа прилика генералот Котески ја истакна важноста на подофицерскиот чин, нагласувајќи дека подофицерскиот чин е основата, а останатите чинови се усовршување и надградување. Важноста на подофицерскиот чин тој ја наведе и во алката војник – командир на тим – командир на вод – командир на чета, која е всушност и основа за јакнење на борбената готовност.
Во понатамошниот дел на состанокот главните подофицери на првопотчинетите команди и единици на АРМ извршија анализа на активностите во 2014 година, ги посочија предизвиците со кои се соочуваа единиците на АРМ во текот на 2014 годни и изнесоа предлозите за нивни надминувања.
На крајот беше донесен заклучок дека обученоста, честа и работата се одлики и норми кои секој припадник од подофицерскиот кор треба да ги почитува и да се стреми да ги зајакне.