Во Здружената оперативна команда во касарната „Боро Менков“ во Куманово, се одржа годишно реферирање на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ за статусот на борбената готовност во 2016 година.
Командантите на потчинетите команди и единици му реферираа на началникот на ГШ на АРМ за достигнувањата, реализацијата на плановите, обуката и останатите сегменти од работата на единиците, а кои имаат влијание врз нивната борбена готовност.
На реферирањето за борбената готовност за 2016 година, беа изнесени согледувањата и анализите на командантите на потчинетите единици за: персоналниот менаџмент, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските комуникациите, буџетирањето и цивилно-воените односи. Од страна на учесниците беа истакнати степенот на исполнување на планираните задачи, постигнатите резултати во обуката, условите за живот и работа, како и искуствата и научените лекции од учеството во мировните мисии.
Помеѓу останатото се даде осврт на ангажирањето на единиците на АРМ во извршување на дадените задачи при обезбедувањето на јужната државна граница во справување со миграциската криза, како и ангажирањето на потребните човечки и материјални ресурси во ангажирањето во поддршка на останатите државни институции во справување со последиците од катастрофалните поплави во скопскиот регион.
Посебен акцент во реферирањето се даде на логистичката поддршка и финансиското обезбедување на командите и единиците и нивното вкупно влијание брз борбената готовност.
На крајот од реферирањето генералот Величковски заклучи дека со максималното ангажирање на сите субјекти, степенот на извршувањето на главните задачи и проекти кои ја одбележаа изминатата година е на потребното рамниште, при што издаде задачи и насоки за реализација на планираните задачи за 2017 година.