По повод одбележувањето на Денот на Бригада за логистичка поддршка (брЛП), денес (18-ти мај), во просториите на командата на брЛП беше организирана акција за доброволно дарува на крв.
Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески се приклучи на акцијата за доброволно дарување крв, на која крв даруваа над сто припадници на брЛП.
Оваа хуманитарна активност се реализираше во соработка со Црвен Крст на општина Карпош и во иднина ќе премине во традиција.
Преку дарувањето на крв, чин кој претставува највисоко ниво на хуманост , припадниците на брЛП на најдобар начин покажаа солидарност во спасување и продолжување на човечки животи.