Делегација од Армијата на Република Северна Македонија, предводена од Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски на покана на Началникот на Генералштабот за национална одбрана на Република Грција, престојува во официјална посета во седиштето на НАТО корпусот за брзо распоредување – Грција (NRDC-GR).
За време на средбата со командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување – Грција, генерал-потполковник Сотириус Костакоглу беше презентирана мисијата, организацијата и способностите на овој корпус, како и за можностите за продлабочување на соработката преку дополнителни форми и области од заеднички интерес, како што се обука и вежби.
Воедно, се разговараше и за претстојното упатување на штабен офицер од Армијата на Република Северна Македонија, кој ќе биде член од постојаниот состав на НАТО корпусот за брзо распоредување, а ќе се разгледа и можноста за дополнително упатување на уште еден офицер или подофицер во оваа команда од структурата на НАТО.
Во продолжение на посетата, која се реализира во период од 19 до 21 август, предвидено е и заедничка обиколка на капацитетите за обука во зоната на одговорност.