Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари работна средба со полковник Ахмет Лека, нерезидентно одбранбено аташе на Република Албанија за Република Македонија.
На средбата генералот Величковски изрази честитки за поставувањето на бригадниот генерал Бардил Колчаку за нов НГШ на вооружените сили на Албанија, воедно на полковникот Лека му посака успешно извршување на задачите на новата должност.
На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на билатералната соработка меѓу двете армии преку користење на капацитетите за обука, военото образование како и размена на експертските искуства во областа на одбраната.
Армиите на двете земји соработуваат во повеќе области во одбраната, како на билатерален план, воедно и во регионално ниво во рамки на иницијативите за регионална соработка А-5 и Б-9.