Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со новото нерезидентно одбранбено аташе на СР Германија акредитиран во Република Македонија, потполковник Ханс –Петер Вамслер.
Началникот на ГШ на АРМ на потполковникот Вамслер му посака срдечно добредојде во Република Македонија и продолжување и продлабочување на одличната соработка помеѓу двете армии. Генералот Величковски во оваа прилика изрази благодарност за поддршката во полето на едукацијата на нашите кадри на воено-образовните институции во СР Германија.
За време на престојот во Генералштабот , потполковникот Вамслер беше примен и од Директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски.