Заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, во рамки на планираните активности на генералштабот изврши обиколка на гарнизоните и информирање на припадниците на Армијата во периодот од 16.05.-13.06.2023 година.
Генералот Нуредин, придружуван од тим од Генералштабот на Армијата во наведениот период изврши обиколка на гарнизоните „Илинден“ – Скопје, „Боро Менков“-Куманово, „Страшо Пинџур“ – Петровец, „Јане Сандански“ – Штип, „Алексо Демниевски Бауман“ – Велес, „Чеде Филиповски Даме“ – Кичево, „Мирче Ацев“ – Прилеп и „Кузман Јосифовски Питу“ – Тетово.
Оваа годишна планирана активност на генералштабот е со цел информирање на клучниот персонал во касарните за актуелната состојба, тековните активности во процесот на трансформација и плановите и задачите на Армијата во следниот период.
Од страна на Заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата беше нагласено дека направените напори и постигнато подобрување на условите за живот и работа и подигнување на стандардот на припадниците на Армијата треба соодветно да бидат вреднувани од секој припадник на Армијата со соодветно залагање и вложување во извршување на задачите. На информирањата беа истакнати и одвивањето на тековната трансформација,модернизацијата, како и останатите сегменти кои се однесуваат на работата во Армијата.