Денес во касарната „Гоце Делчев“ Скопје со воена свеченост беше одбележан 9-ти ноември, Денот на Центарот за електронско извидување (ЦЕИ) од составот на Генералштабот на АРМ.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, за ден на ЦЕИ е одреден 9-ти Ноември, датум кога е формиран родот Електронско извидување и противелектронски дејства во 1995 година.
На свеченоста присуствуваа претставници од ГШ на АРМ, поранешни и пензионирани припадници на единицата, претставници од институции со кои единицата има соработка.
Во пресрет на денот на единицата беше организирана крводарителна акција и спортски натпревари.
По повод денот на единицата, на свеченоста беа прочитани стимулативни мерки и врачени плакети, значки и благодарници.