Со полагање на венци свежо цвеќе пред спомен обележјата кај месноста Карпалак, комплексот „Карпалак“ и во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, делегации од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија им оддадоа почит на загинатите припадници на АРМ.
Денес, 8-ми август, се навршуваат шеснаесет години од загинувањето на десетте припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Карпалак.
Пред спомен обележјата со ветување дека нема да бидат заборавени Марко Деспотоски, Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп, покрај делегациите на АРМ и МО почит им одадоа и членови од семејствата, колеги, роднини, пријатели и сограѓани.