Денес, 10-ти август, во Волково, во касарната „Илинден“ во Скопје и пред спомен-обележјето во село Љубанци, беа одбележани 14 години од загинувањето на осумте воени обврзници на АРМ кај месноста Љуботенски Бачила.
По овој повод делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ предводена од заменик началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини положи цвеќе на спомен-обележјето во касарната „Илинден“ во Скопје и пред спомен-обележјето во село Љубанци.
Почит на загинатите бранители со положување венец свежо цвеќе делегација на МО и на ГШ на АРМ, предводена од полковник Зоран Додевски искажа и во село Волково.
На 10 август 2001 година воено товарно возило на АРМ на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ.