Во период од 07-ми до 10-ти октомври 2014 година во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, во организација на ГШ на АРМ и Центарот за обука за мировни операции (ЦОМО) од Сараево, Босна и Херцеговина се одржува „Ориентациски NATO COIN курс“.
На отворањето полковникот Зоран Додевски ја искажа важноста за одржувањето на овој вид на курсеви за претставниците на АРМ. Меѓу другото тој нагласи дека ова е можност да се стекнат нови знаења но и да се разменат искуствата.
„Ова е прво учество на мобилен тренинг тим од Центарот за обука за мировни операции од Сараево, Босна и Херцеговина во Република Македонија и тоа е наша огромна чест“ – истакна потполковникот Исмет Кадиќ, шеф на мобилниот тренинг тим.
На курсот, припадниците од АРМ имаат можност да се запознаат со концептот и доктрината поврзани со операции против бунтовници, а со цел да креираат рамка на разбирање на разликите помеѓу против бунтовничко и конвенционално војување.
Ориентациски NATO COIN курс се реализира од страна на мобилен тим на инструктори од ЦОМО од Сараево, Босна и Херцеговина, а во истиот учествува и инструктор кој е припадник на Армијата на Република Македонија.