Од 14-17.04.2014 година во посета на воздухопловната бригада (вбр) во касарната НХ „Страшо Пинџур“ престојуваа претставници од военото воздухопловство на Вооружени сили на Република Турција.
Посетата е дел од билатералната соработка, а цел за размена на искуства од областа на военото воздухопловство. Во текот на посетата пред гостите беше презентирана историјата на вбр како и вооружувањето и техниката со која располага, по што се разговараше за бројни теми кои се од интерес за двете армии.
Главни теми на разговорите беа: заедничко учество во мировни мисии со хеликоптерски детачмент, систем за одржување на воздхоплови, систем на контрола и обезбедување на воздушниот простор, модернизација на воздухопловите и друго. Голем дел од разговорите беше посветен и на можностите кои ги нудат вооружените сили на Република Турција за обука и дообука на припадници од составот на вбр, имајќи во предвид дека Република Турција е дел од НАТО и големото искуство во развојот на военото воздухопловство.
Во текот на престојот, гостите имаа можност да ги разгледаат знаменитостите во Република Македонија, при што беше остварена посета на спомен собата посветена на Кемал Ататурк во Битолскиот музеј, како и посета на Охрид.
Денес, делегацијата од военото воздухопловство на Република Турција оствари средба со Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, на која уште еднаш беше потврдена одличната соработка на АРМ со Вооружени сили на Република Турција, која во иднина ќе се прошири и во делот на военото воздухопловство.