Во рамките на билатерална соработка на АРМ со Војската на Република Србија, вчера и денес (17.09.2015 година), во посета на Ј-7 на ГШ на АРМ и Командата за обука и доктрини (КОД), престојува делегација на Војската на Република Србија, предводена од бригаден генерал Маринко Павловиќ.
Целта на посетата е размена на искуствата и согледување на можности за понатамошна соработка во доменот на обуката. Делегацијата од Војската на Република Србија вчера ја посетија КОД каде беа информирани за организациско формациската структура и мисијата на КОД, како и со нејзината расположива инфраструктура и капацитети за поддршка на обуката.
Гостите од Војската на Република Србија ги посетија: Центарот за поддршка на обуката, АП „Криволак“, Центарот за одгледување и дресура на кучиња, Центарот за странски јазици како и капацитетите за обука во касарната „Илинден“ во Скопје.
Денес, во Генералштабот на АРМ се разговараше за можните форми за унапредување на обуката и вежбите и заедничко искористување на капацитетите за обука на двете армии.