Од денес во тридневна официјална посета на АРМ престојува делегација на Националната Гарда (НГ) на Вермонт – САД, предводена од главниот подофицер на НГ на Вермонт главен наредник Тоби Квик, на кого домаќин му е главниот подофицер на АРМ, главен наредник Драган Стојановски.
Делегацијата, денес беше примена од Заменикот на НГШ на АРМ, генерал – потполковник Насер Сејдини. На средбата беше нагласено дека одличната соработка помеѓу НГ на Вермонт и АРМ претставува силен импулс во достигнувањето на стандардите на НАТО, како и во развојот на подофицерскиот кор на АРМ.
Во текот на денешниот ден главениот наредник Тоби Квик одржа предавање пред питомците од четврта година на Воената академија „Михаило Апостолски“ на тема: „Улога на главниот подофицер и односите помеѓу главен подофицер и командант“.
За време на посетата делегацијата на НГ на Вермонт ќе посети повеќе единици на АРМ, каде ќе се запознае со поставеноста и улогата на Подофицерскиот Кор во АРМ, при што се очекува размена на мислења, сугестии и предлози за унапредување на работата на подофицерите во АРМ.