Во Генералштабот на АРМ денес се реализира средба и разговори помеѓу началникот на Генералштаб на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на 160-та пешадиска бригада и главниот штаб на Велс од ВС на Обединетото Кралство, бригаден генерал Алан Ричмонд кој се наоѓа во официјална посета на Армијата на Република Македонија.
За време на приемот кај началникот на ГШ на АРМ се даде осврт на меѓусебната соработка помеѓу двете армии во полето на одбраната, особено во полето на военото образование и обуката, но и заедничките учества во операциите за поддршка на мирот и планираните идни ангажмани во ова поле.
За време на посетата во касарната Илинден, бригадниот генерал Ричмонд се сретна со бригадниот генерал Орце Јордев, а по одржаниот брифинг за полкот за специјални операции генералот имаше прилика да присуствува на показна вежба каде од страна на припадниците на пСО се прикажаа вештините во искачување на кулата за вежбање, а исто така беше претставена и дел од алпинистичката опрема со која располага единицата.
Соработката на АРМ и ВС на Обединетото Кралство е константно на високо ниво и се одвива во повеќе области пред се во полето на военото образование и заедничко учество на вежбовни активности, а досега заеднички учествувавме во мировната мисија „ИСАФ“.