Командантот на Националната гарда на сојузната држава на САД, Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, во рамки на дводневната официјална посета на Република Северна Македонија, денес оствари средба со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Во рамки на денешната посета на министерството за одбрана и генералштабот се реализираше и состанок со Министерката за одбрана, Славјанка Петровска на кој присуствуваше и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мери Брнс.
За време на средбата во Генералштабот, генералите Ѓурчиновски и Најт разговараа за досегашната дваесет и седум годишна соработка која досега се спроведува преку заедничкото учество во мировни операции, голем број заеднички вежби, обуки и едукација на припадниците на двете армии и истата беше оценета како исклучително добра и корисна, при што беше изразена заложба таа да продолжи да се интензивира во наредниот период.
Претходно, командантотна Националната гарда, генерал-мајор, Грегори Најт присуствуваше на свечениот собир на персоналот од МО И ГШ на Армијата, а во текот на денот оствари средба и со Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски.
Во текот на утрешниот ден, генералот Најт ќе присуствува на централната свеченост по повод одбележување на Денот на Aрмијата во касарна „Илинден“.